Канте нов „крал“ за 70 милиони евра!?

фото: твитер

Во меѓувреме и Челси сака да биде активен на трансфер пазарот, желбите се ангажирање на бундеслигашките ѕвезди, Каи Хаверц и Тимо Вернер.

Според англиските медиуми, Реал Мадрид е во активни преговори со Челси за купување на играчот за врска, Н`Голо Канте.

Својот квалитет го покажа и во дресот на Лестер каде беше еден од најзаслужните за освојување на историската титула во Премиер лигата. Сега францускиот репрезентативец има главна улога и на „Стемфорд бриџ“ за чиј дрес досега има 123 натпревари и девет голови.

И со лондонските „сини“ беше премиерлигашки шампион, а по еднаш ги освои и Лигата на Европа и ФА купот.

29-годишниот Французин би можел летово да направи трансфер во уште поголем клуб, се шпекулира дека Реал Мадрид е подготвен за неговите услуги да плати 70 милиони евра, но можно е во тој трансфер тренерот на „кралевите“, Зинедин Зидан да вклучи и неколку играчи.

Во меѓувреме и Челси сака да биде активен на трансфер пазарот, желбите се ангажирање на бундеслигашките ѕвезди, Каи Хаверц и Тимо Вернер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот