Канје Вест стана најбогатиот Афроамериканец во светот
Раперот и претприемач Канје Вест (43) ја зголемил вредноста на своето богатство на 6,6 милијарди долари, пренесуваат американските медиуми.
Според последните информации, Канје станал најбогатиот Афроамериканец во светот, и материјално ги надмина Опра и нејзините 3,5 милијарди долари, Мајкл Џордан со 2,2 милијарди долари и Роберт Џејмс Смит кој поседува 6,5 милијарди долари.
View this post on Instagram
Минатата година во ова време, раперот ја проби магичната граница од милијарда долари, за неодамна да ја зголеми на многу повисоко ниво.
View this post on Instagram
Големите деловни потези што ги направи со неговиот бренд „Yeezy“ во последните години имаат најголемо влијание врз растот на неговото богатство.
View this post on Instagram
Неодамнешниот договор на „Yeezy“ со Гап и Адидас ја зголеми вредноста на богатството за 4,7 милијарди долари. Бидејќи Канје е единствен сопственик, таа сума се додава на неговата нето вредност од 1,9 милијарди долари.
View this post on Instagram
По распадот на бракот со Ким Кардашијан, раперот сериозно се посвети на бројни бизниси.