Канје Вест сподели икона од Свети Климент Охридски (ФОТО)

Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Контроверзниот рапер Канје Вест кој беше отфрлен од трката за претседател на САД поради одлуката на судот во Охајо, иако претходно одеше на вода сакајќи да се прикаже како Исус, со своето чудно однесување секојдневно ги шокира фановите.

Тој пред неколку дена изгради и огромен бел ѕид околу својот имот, а сето тоа ги зачуди фановите кои се прашуваат дали неговото ментално здравје е во ред, откако летово неговата сопруга, Ким Кардашијан јавно проговори за неговата биполарност.

Канје Вест не престанува да го шокира светот: Ким сакаше да ме однесе во лудница, нејзината мајка ја продала секс-снимката! (ФОТО)

Раперот неодамна ја прифати православната вера, а се почесто ги изненадува своите следбеници на Твитер со споделување на несекојдневни нешта. Денес во неговите објави осамна и иконата од Свети Климент Охридски, како и иконата на Свети Архангел Михаил и уште неколку други.

Се разбира, твитот го забележаа и македонските твитерџии по што се пошегуваа со објавата на Канје.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот