
Канје Вест со серија шокантни објави: „Јас сум нацист и го сакам Хитлер!“
Американскиот рапер Канје Вест, кој денес се претставува како Је, повторно ја разбранува јавноста со скандалозни објави на социјалните мрежи.
Препорачано
Во серија објави на социјалната мрежа Икс, тој објави дека го повлекува своето извинување за антисемитските изјави од 2023 година, при што изненади со тврдењето дека е „нацист“ и дека „го сака Адолф Хитлер“.
I LOVE HITLER NOW WHAT BITCHES
— ye (@kanyewest) February 7, 2025
„Никогаш повеќе нема да се извинувам за моите коментари за Евреите“, напиша Вест во една од објавите што беа споделени.
Некои од неговите објави беа означени како „навредливи“ и беа скриени поради политиките на платформата Икс.
IM A NAZI
— ye (@kanyewest) February 7, 2025
Само пред една година, Вест се обиде да ја поправи штетата по низата антисемитски и пронацистички коментари, упатувајќи извинување на хебрејски јазик, во кое тврдеше дека му е жал ако навредил некого. Но, со новите објави тој јасно порача дека се откажува од тие зборови и дека не жали за своите претходни ставови.
I CAN SAY JEW AS MUCH AS I WANT I CAN SAY HITLER AS MUCH AS I WANT MATTER FACT I DO SAY IT WHEN I WANT
— ye (@kanyewest) February 7, 2025
Контроверзните изјави на раперот веќе му донесоа сериозни последици. Во 2023 година, светски познатиот спортски бренд „Адидас“ ја прекина соработката со него, а повеќе компании ги раскинаа договорите што ги имаа со неговата модна линија.
Новите изјави на Вест предизвикаа силни реакции, особено од страна на Лигата против клевети, организација која се бори против антисемитизмот.
„Је ги користи Евреите како жртвени јагниња за да привлече внимание. За жал, тоа му успева, бидејќи има огромна платформа преку која шири омраза“, изјави Џонатан Гринблат, извршен директор на оваа организација.
Тој додаде дека ваквата реторика може да има сериозни последици во реалниот свет и дека е неопходно ваквите пораки на омраза да се осудат.
Освен што повторно ги разгоре антисемитските контроверзии, Је во своите објави го спомна и милијардерот Илон Маск, американскиот претседател Доналд Трамп, како и својата сопруга Бјанка Ценсори.
Тој особено се осврна на нејзиниот изглед на доделувањето на музичките награди Греми, каде што носеше проѕирен фустан, коментирајќи: „Јас имам моќ над мојата сопруга“.