Канје Вест снима албум за разводот, а Ким го моли за почит!

EPA
Фото: EPA-EFE/RINGO CHIU

Раперот Канје Вест и ријалити ѕвездата Ким Кардашијан го шокираа светот пред неколку месеци кога почнаа да се шират гласини дека се разведуваат. Сега, конечната одлука е донесена – нивниот брак заврши.

Според „Mirror“, Канје сега на музиката и го завршува својот долго најавуван десетти студиски албум. Фановите со нетрпение го чекаат, а тој ги преработува стиховите „инспириран“ од разводот.

Instagram
Instagram

„Новиот албум на Канје ќе биде за разделбата и разводот со Ким. Тоа го пишуваше со месеци“, изјави извор близок на раперот за странски медиуми и додаде дека Кардашијан го замолила да ја почитува приватноста на нивното семејство во неговите песни.

Откако минатата недела се рашири веста за нивниот развод, извори блиски до парот за „Page Six“ изјавија дека нивниот развод е неизбежен.

„Ким го натера Канје да оди во Вајоминг за да можат да живеат одделно и мирно и на крајот да се разведат“.

Instagram
Instagram

Иако нивниот развод за многу нивни фанови беше шок, се чини дека има и такви кои знаеле дека овој ден ќе дојде некогаш. Поранешната дадилка на семејството Кардашијан, Пем Бехан (52), уште на самиот почеток на нивниот брак знаела дека нема да трае вечно.

„За разлика од Ким, Канје не знаеше како да се носи со големиот успех. Лично и се восхитувам на Ким што се обиде да го одржи тој брак шест години. Знам дека тоа го правеше најмногу поради децата“, изјави таа за „ The Sun“.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот