
Канје Вест се огласи по скандалот со Бјанка на доделувањето на наградите Греми, имаше само два збора да каже
Контроверзниот рапер Канје Вест се огласи откако со неговата сопруга Бјанка Ценсори предизвика скандал на Греми наградите во Лос Анџелес.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Како што пренесоа странските медиуми, Канје и Бјанка, наводно, биле придружувани надвор од доделувањето на наградите од страна на полицијата, откако раперот ѝ наредил на својата сопруга да „направи сцена“ на црвениот тепих на доделувањето на наградите Греми, така што ја соблекла бундата и го покажала своето голо тело.

Имено, 30-годишната дизајнерка повторно ја шокираше јавноста со своето издание кога се појави во целосно проѕирен фустан од мрежест материјал, без долна облека и со тоа предизвикa бурни реакции.
Луѓето на Икс почнаа да реагираат на овој настан.
„Ова е најлошото нешто што сум го видел“; „Ова е лошо… всушност, ова може да биде и криминално“; „Како ѝ е дозволено да се појавува во јавноста? Има деца наоколу и таа треба да се срами од себе“, биле дел од коментарите.
Канје реши да се огласи на Инстаграм за да се осврне на скандалот и сподели фотографии на кои провокативно позираат со Бјанка, а покрај објавата накратко напиша „Љубовна приказна“ / „love story“. Но, набрзо откако ги објави фотографиите, тој ја избриша објавата, пренесува „Унилад“.