Канје Вест сака да биде претседател на Америка, Илон Маск го поддржа

EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Иако сè уште не е јасно дали американскиот рапер Канје Вест навистина поднел формално барање за влегување во претседателската трка, но тој вчера на Твитер објави дека ќе се кандидира на претседателските избори во ноември и ќе ги предизвика републиканецот Доналд Трамп и неговиот политички ривал, демократот Џо Бајден.

„Сега мора да го исполниме ветувањето на Америка верувајќи во Господ, обединувајќи ги нашите визии и градејќи ја нашата иднина. Се кандидирам за претседател на Соединетите Држави“, објави твит Вест со емотикон на американското знаме и хаштагот # 2020VISION.

Вест и неговата сопруга Ким Кардашијан неодамна го посетија Трамп во Белата куќа.

EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

На средбата на претседателот и раперот во октомври 2018 година, Вест одржа чуден говор за паралелните универзуми и своето биполарно нарушување, за кое тврди дека всушност е недостаток на сон.

EPA-EFE/RINGO CHIU

Најновата објава на Канје предизвика голем број реакции кај неговите 29 милиони следбеници.

Илон Маск, извршниот директор на Тесла го поддржа во својот пост на Твитер.

„Ја имаш мојата целосна поддршка“, му напиша Маск.

EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот