Канје Вест повторно ќе се кандидира за претседател на САД

Канје Вест/Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Канје Вест потврди дека ќе се кандидира за претседател на САД во 2024 година, по неуспешниот обид пред две години, пишува „Њујорк Пост“.

Раперот ги потврди плановите во видео кое беше објавено на твитер-профилот „Patriot Takes“, а подоцна е избришано. Вест објави дека контроверзниот ултрадесничарски коментатор Мило Јанопулос ќе работи со него на кампањата и дека веќе почнале да планираат.

„Тука е и Мило кој работи на кампањата“, рекол раперот, а некој го прашал дали е тоа официјално соопштение. Мило одговорил дека „претпоставува дека е“ и дека ја прифаќа понудата.

Снимателот потоа го прашал Канје дали ќе влезе во трката, на што раперот одговорил:

„Да. Едноставно е, бидејќи никој не може да ми каже: „Можеш да го кажеш ова, а не да го кажеш ова“, знаеш?

Вест објасни дека „се работи за движење кон иднината“, а објавата дојде откако неговиот профил на Твитер беше обновен. Во последниот обид да се кандидира, во 2020 година, освои само 50 илјади гласови.

Вест неодамна беше во центарот на голем скандал, а речиси сите големи спонзори го напуштија, откако се појавија снимки на кои тој изнесува непријателски ставови и говор на омраза против Евреите.

Падот на Канје Вест: Од музичка икона, до човек кому светот му го сврте грбот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот