Канје Вест побарал од Ким да не биде присутна додека поминува време со децата: Дали Кардашијан се согласила на тоа?
Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан (40) се согласи со раперот Канје Вест (43) од кого се разведува дека нема да има влијае, а притоа и нема да го попречува да ги гледа нивните деца, а и покрај тоа раперот има посебно барање до Ким.
Имено, Вест ја замолил Ким да не биде присутна кога тој ќе биде со децата, а при посетите може да ги придружува само нивната дадилка, а Ким се согласила на неговото барање.
View this post on Instagram
– Ким знае дека тој е посветен татко кој се грижи и ги сака своите деца, а и тие својот татко. Канје исто така може да ги повика на видео повик кога ќе посака, изјави извор за странски медиуми.
Ким поднесе барање за развод пред повеќе од една недела преку нејзината адвокатка Лора Васер, но точниот датум на разводот не е познат. Наводно, ниту Ким ниту Канје нема да го оспорат предбрачниот договор што го потпишале и тие ќе се разведат со заедничка согласност.
View this post on Instagram
Биполарното пореметување и менталната состојба на Канје нема да влијаат на старателството над нивните четири деца, ќерките Норт (7) и Чикаго (3) и синовите Сент (5) и Псалм (1), а Кардашијан веќе побарала заедничко правно и физичко старателство над децата.
View this post on Instagram
Иако одлуката ја донеле заедно, во корист на двете семејства, на Канје му е особено тешко да го поднесе фактот дека разводот е неизбежен и поради сè што се случува, тој е многу тажен и вознемирен. Неговата, наскоро, поранешна сопруга не сака да го одделува од децата и му дозволила да ги гледа кога ќе посака.