Канје Вест планира на изборите да оди како независен кандидидат

Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Вест е во брак со Ким Кардашијан, американска популарна реалити шоу ѕвезда.

 Американскиот рапер Канје Вест во интервју за изданието Форбс денеска изјави дека својата кандидатура за претседател на САД планира да ја објави како независен кандидат.

 Тој додаде дека би бил спремен да стане кандидат на Републиканската партија доколку таа не би била претставувана од сегашниот претседател Доналд Трамп.

Вест претходно на Твитер соопшти дека има намера да учествува на претседателските избори во САД. Во коментарите под твитот тој доби поддршка од Илон Макс, основач на компаниите „Тесла” и „СпејсИкс”

Вест е во брак со Ким Кардашијан, американска популарна реалити шоу ѕвезда. Во интервјуто тој истакна дека, засега, таа и Маск се единствени советници во неговата претседателска кампања во зародиш.

Според изборната традиција во САД, реални шанси за избор на претседател имаат кандидатите од најголемите две политички партии, републиканстата и демократската.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот