Канје Вест официјално стана милијардер на листата на Форбс!

Instagram

Раперот Канје Вест службено стана милијардер, благодарение на патиките кои го носат неговото име, а смислени се во соработка со „Adidas“, објави во петокот „Forbes“.

Богатството на сопругот на Ким Кардашијан се проценува на околу 1,3 милијарди долари, објави магазинот „Forbes“, додавајќи дека музичарот сега е на нивната листа за милијардери.

Патиките „Yeezy“ често се продаваат и за повеќе од 200 долари во САД, но и во други земји ширум светот.

View this post on Instagram

?

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on

Вест (42) со години имаше соработка со „Nike“, но истата ја прекинаа во 2013 година, кога името го даде на „Adidas“ со кој ги лансираше и првите патики од својот бренд во 2015 година.

„Forbes“ изјавија дека Вест со години ги „притискал“ да го стават на својата листа, но тие тоа го одбивале поради недостатокот на докази.

Покрај патиките, останатото богатство на Вест главно е поврзано со недвижнините кои ги поседува.

Вест е вториот американски рапер кој влегол на листата на „Forbes“, откако минатата година тоа успеа да го направи Џеј Зи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот