Канје Вест не ѝ остана должен на Анистон, откако таа рече дека не е смешно да се гласа за него

Instagram

Канје Вест, откако се кандидатира на претседателските избори во Америка, ги повика фановите да го заокружат неговото име на гласачкото ливче. Од друга страна, Џенифер Анистон јавно го поддржа Џо Бајден.

Се работи за иднината на оваа земја и на целиот свет. Не е смешно да се гласа за Канје. Не знам што друго би кажала. Бидете одговорни“, напиша Џенифер пред неколку дена.

Џенифер Анистон откри за кого гласала: Нашата земја е поделена повеќе од кога било претходно

Очигледно оваа нејзина изјава го навредила Канје, па тој објави скриншот од написот со наслов дека Џенифер го поддржува Бајден и им порачува на фановите дека не е смешно да се гласа за Канје.

Канје прво напиша дека „ниту серијата Пријатели не беше смешна“, а потоа „Ова интервју кај Роган ги потресе. Ајде…“, но во меѓувреме и двете објави исчезнаа од Твитер.

Со вториот твит, Вест се наврати на неодамнашното гостување во популарниот поткаст на Џо Роган, „The Joe Rogan Experience“, каде што зборуваше за разни теми, од својата претседателска кандидатура до проблемите со менталното здравје и коронавирусот што го прележа.

Канје Вест: Бог сакаше да учествувам на изборите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот