Канје Вест најави кандидатура за претседателските избори во САД, но не презема никакви активности

Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Американскиот рапер Канје Вест на Твитер најави дека ќе се кандидира на овогодинешните претседателски избори во САД, иако досега не презел активности во тој правец, јави Си Ен Ен,

„Мораме да го исполниме ветувањето на Америка со верба во Бог, обединета визија и изградба на иднината. Се кандидирам за претседател на САД”, напиша Вест на Твитер и веднаш доби поддршка. Технолошкиот милијардер Илон Маск му напиша „Ја имаш целата моја поддршка”. Поддршка стаса и од неговата сопруга Ким Кардашијан, како и од бројните обожаватели.

Сепак, неговите постапки не укажуваат дека и вистински планира да се соочи во ноември со републиканецот Доналд Трамп и демократот Џо Бајден. Доколку е сериозен, Вест треба да се регистрира во Федералната изборна комисија, да презентира платформа за неговата кампања, да собере доволно потписи за да биде ставен на гласачкото ливче и уште многу други предизборни активности. Во многу сојузни американски држави тој веќе го пропушти крајниот рок за да се вклучи во трката како независен кандидат.

Вест и претходно најавуваше дека ќе се кандидира за претседател на САД.  На музичките награди на МТВ во 2015 година изјави дека ќе се кандидира на изборите во 2020 година. Но лани се премисли и напиша дека ќе се кандидира во 2024 година. Претходно најави дека неговата програма ќе биде микс од ставови на Трамп и на демократот Берни Сандерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот