Канје Вест ја изневерил Ким со маж: Интернет заедницата верува дека виновникот за разводот е Џефри Стар!

Instagram
Фото: Instagram

Теоријата што сугерира дека контроверзниот рапер можеби ја изневерил Ким Кардашијан со Џефри Стар – без докази, стана вирална и се прошири меѓу интернет заедницата.

Гласините ги започна корисникот на „TikTok“ социјалната мрежа, Ава Луиз, која претходно се прослави со песната „Skinny Legend Anthem“, како и со видео записот во кој таа лиже тоалетна школка како „предизвик со коронавирус“.

Instagram
Instagram

Во „TikTok“ објавата, Луиз покажува статија од таблоидот „Page Six“, кој во вторникот објави дека Ким и Канје се пред развод. Ријалити ѕвездата наводно ја ангажирала адвокатката Лора Васер, а изворот тврди дека Ким го натерала Вест да замине во Вајоминг.

Instagram
Instagram

Како одговор на веста, Луиз рече дека има озборувања за Вест со месеци, а разводот „не изненадува“ затоа што „Канје се поврзува со многу познат гуру за убавина – кој е роден како маж“.

Многу луѓе од сцената знаат веќе некое време за нив“, рече Луиз во видеото. Особено и се допаднаа коментарите во кои се прашуваше дали станува збор за Џефри Стар, а во продолжение на „TikTok“ видеото, таа исто така тврди дека нејзиниот пријател, кој е адвокат на позната личност во Лас Вегас, ја запознал Ким за случајот пред неколку месеци и дека таа „добила докази“ за поврзаноста на Канје со Стар.

Instagram
Instagram

Луиз додаде дека не може да обезбеди „конкретни докази“ за ова тврдење, но идејата дека Канје ја изневерил Ким со Џерфи Стар брзо се прошири меѓу интернет заедницата.  

На гласините се придружи и самиот Џефри Стар, кој синоќа објави фотографија на Твитер со провокативен опис – „ПОдготвен на неделната литургија“,  алудирајќи на побожната страна на Канје и фактот дека во текот на 2020 година тој постојано зборуваше за неделните литургии и миси на кои беше најмногу посветен.

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот