Канје Вест и натаму во трката за претседател на САД, ќе се појави на ливчето во Оклахома

Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Вест веќе го пропушти рокот за пријава на изборите во неколку сојузни држави, а условите кои кандидатите треба да ги исполнат за да се појават на гласачките ливчиња се разликуваат од држава до држава.

Канје Вест платил 35 илјади долари надомест за да се кандидира како независен кандидат и ќе се појави на гласачкото ливче во сојузната држава Оклахома, јавува Гардијан.

Сепак, ситуацијата е збунувачка зошто многу извори тврдат дека Вест ја завршил својата краткотрајна кампања.

Вест е еден од оние тројца кандидати кои уплатиле партиципација за влез на изборите како независен кандидат. Негова конкуренција меѓу независните е пијанистката Џејд Симонс и бизнисменот Брок Пирс.

Музичарот поднел барање и ја уплатил партиципацијата ден откако извор од Њујорк Магазин го цитираше советникот на Вест, Стив Крамер кој рече дека вест нема да се кандидира и дека персоналот кој го ангажирал е разочаран.

Вест веќе го пропушти рокот за пријава на изборите во неколку сојузни држави, а условите кои кандидатите треба да ги исполнат за да се појават на гласачките ливчиња се разликуваат од држава до држава.

Канде Вест својата кандидатура ја најави на 4 јули, а претходно го фалеше Доналд Трамп. Меѓутоа во интервју за „Форбс“ рече дека „го симнува црвеното капче“ што се однесува на заштитниот знак на Трамп – црвено капче со натписот „Make America Great Again“.

Вест изјави дека својата верзија на Белата куќа ја замислува како во филмот Црниот Пантер и ако победи сака „враќање во Ваканда“, реферирајќи притоа на фиктивната земја од наведениот филм.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот