ФОТО: Канје Вест и Ирина Шајк забележани на романтична прошетка во Франција

profimedia
Фото: Instagram+Profimedia

Канје Вест и Ирина Шајк се наоѓаат во остатоците од славни раскинувања. Фамозниот рапер по седум годишен брак моментално се разведува од ријалити ѕвездата Ким Кардашијан, додека Ирина Шајк се раздели од актерот Бредли Купер во 2019 година.

Гласините дека Канје и Ирина се состануваат романтично почнаа да се шират од минатиот месец, а сега во јавноста се појавија и фотографии од двајцата заедно.

На фотографиите тие се на прошетка во Прованса во Франција, каде престојувале во луксузна вила „Villa La Coste“. Парот бил забележан на роденденот на Канје, истиот ден кога Ким Кардашијан објави фотографија на нејзиниот инстаграм-профил, честитајќи му роденден со љубовна изјава.

Ким му го честиташе роденденот на Канје, обожавателите збунети: Не можеше да смислиш почудна честитка?

Според „DailyMail“ Канје и Ирина пристигнале во хотелот во недела и останале три дена.

„Се знаат професионално со години. Тој почна да ѝ се додворува пред неколку недели. Канје е убедлив човек“, изјави неименуван извор за „People“ додавајќи дека поминале три вечери во „Villa La Coste“ во Франција, „Поминуваа време заедно во Њујорк пред да го прослават неговиот 44ти роденден во Франција“.

„Ирина делува како да е под силни импресии. Тој ја покани во Франција и таа радосно прифати. Не се официјално заедно, но има интерес од двете страни“, продолжи истиот извор.

Ново печениот пар се запознале кога Ирина се појави во музичкото видео за „Power“ на Канје и кога таа беше модел за неговиот бренд за патики „Yeezy“.

Имено, извор за „E!“ спореди „Ким ги има слушнато гласините за Канје и Ирина и не ѝ пречи воопшто. Ако не влијае на нејзините деца, не ѝ пречи ако Канје е во нова врска“.

„Ким би сакала да најде некој нормален и стабилен. Нејзе не ѝ се брза и е среќна. Би сакала да биде со некој повторно во иднина, ама да е вистинскиот човек за неа“, се изјасни непознат извор за „E!“

Дали ова е новиот пар меѓу славните? Светските медиуми не престануваат да пишуваат за врската меѓу Канје Вест и Ирина Шајк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот