Канје Вест со Диди (лево) и Доналд Трамп (десно ) / Фото: Profimedia/EPA

Канје Вест го замоли Трамп да го ослободи Диди, раперот му се заблагодари од затвор

Раперот Канје Вест јавно побара од американскиот претседател Доналд Трамп да го помилува неговиот пријател и колега Шон Комбс, познат како Диди.

Вест директно му бе обрати на Трамп со зборовите: „Те молам, ослободи го мојот брат Паф“.


Дополнително, Вест најави дека преку својата модна марка „Јизи“ ќе ја продава линијата „Шон Џон“, која тој и Шон Комбс ја планирале пред апсењето на Диди. Половина од приходите од продажбата ќе му бидат доделени на Комбс.

По ова, на инстаграм-профилот на Диди осамна кратка, но јасна порака: „Благодарам на мојот брат Је“.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Шон Комбс, познат како Диди, моментално се наоѓа во затвор и го чека судењето закажано за 5 мај. Тој беше уапсен во септември минатата година и е обвинет за рекетирање и трговија со луѓе за сексуална експлоатација.

Федералната обвинителна постапка, опишана во документ од 14 страници, тврди дека Диди организирал забави познати како „freak offs“, на кои, со помош на соработници, ја користел својата моќ и влијание за да ги присили жените на сексуални односи. Според документите, жени биле доведувани од различни американски сојузни држави, како и од странство, и биле подложени на закани, уцени и насилство.

Поранешната на Диди со шокантни тврдења: „Ме присилуваше на сексуални активности дури и кога не сакав!“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот