Канје Вест го советувал Трамп да биде негов потпретседател: Доналд „полудел“

Канје Вест/Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Канје Вест потврди дека ќе се кандидира за претседател на САД во 2024 година, по неуспешниот обид пред две години, пишува „Њујорк Пост“. Раперот ги потврди плановите во видео кое беше објавено на твитер-профилот „Patriot Takes“, кое подоцна беше избришано. Вест објави дека контроверзниот ултрадесничарски коментатор Мило Јанопулос ќе работи со него на кампањата и дека веќе почнале да планираат.

По објавата за кандидатурата американскиот рапер откри дека го советувал поранешниот претседател Доналд Трамп дека ќе биде одличен кандидат за негов потпретседател во 2024 година, на што Трамп, како што вели, полудел, пренесе германската новинска агенција „Dpa“.


Раперот тврди дека рекол дека сака Трамп да се кандидира за потпретседател со билет за Белата куќа на чело со него како претседателски кандидат, за време на жестоката средба во имотот на Трамп Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида.

„Мислам дека Трамп беше најмногу вознемирен што го замолив да ми биде потпретседател“, рече Канје во видеото објавено на неговиот неодамна обновен профил на Твитер.

Трамп кристално јасно стави до знаење дека нема да поддржи никого освен себе на претседателските избори во 2024 година.

„Трамп всушност почна да вреска по мене на масата велејќи ми дека ќе загубам“, продолжи Канје.

И Вест и Трамп неодамна беа вратени на Твитер од новиот сопственик на платформата, милијардерот Илон Маск.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот