Канје Вест ѝ испраќал пораки на сопругата дека сака да има секс со мајка ѝ: „Тој сакаше Бјанка да ги гледа…“
Канје Вест ѝ испратил порака на неговата сопруга Бјанка Ценсори дека сака да има секс со мајка ѝ, а таа да ги гледа. Ова го тврди поранешната асистентка на раперот, Лорен Пишиота, во нејзината тужба. Наводно, тој ѝ испратил скриншот од разговорот на Пишиота, во кој една од пораките гласела: „Сакам да имам секс со мајка ти пред да замине“, пренесува „Дејли мејл“.
Ценсори во тоа време била во САД, а нејзината мајка Александра Ценсори била во посета на Лос Анџелес. За оние кои не знаат, родителите на Ценсори живеат во Австралија. Пишиота тврди дека Ценсори му одговорила на пораката на Вест. Таа му напишала дека нејзината мајка е мажена. Исто така, Пишиота тврди дека Вест често велел дека сака да има врска со мајката на една од неговите вработени, додека вработената го набљудува тоа.
Да потссетиме, поранешната асистентка на Канје Вест го тужеше за сексуално вознемирување и неправедно отпуштање.
Како што пишува „Пејџ сикс“, таа почнала да работи за раперот како асистентка во 2021 година додека тој се подготвувал да ја лансира својата модна линија „Јизи“. Наводно, на инфлуенсерката ѝ била понудена плата од 1 милион долари, а единствен услов бил таа да му биде достапна 24 часа дневно, седум дена во неделата. Пишиота претходно заработувала околу 1 милион долари на платформата Онли фенс, сè додека Вест не побарал од неа да стане „морална“ личност и да го избрише профилот, а ѝ ветил дека тој ќе ѝ ги доплати парите што вообичаено ги заработувала оттаму. Вест никогаш не ѝ ја зголемил платата, а набрзо потоа почнал да ѝ праќа вознемирувачки и вулгарни пораки.
Поранешна помошничка го тужи Канје Вест: Тврди дека ѝ испраќал пораки со експлицитна содржина