Канје распука со обвиненија, па уринираше врз наградата: Верувајте ми, нема да запрам! (ВИДЕО)

Контроверзниот рапер Канје Вест ги прозва НБА и музичката индустрија на Твитер, наведувајќи дека на „осакатувањето“ на авторските права мора да му се застане на патот, како и дека ни НБА ни музичката индустрија не можат да постојат без темнокожите Американци.

На тој начин ги обвини врвовите на овие организации за расизам, истакнувајќи дека со нив управуваат белци.

Во низа твитови Канје наведе дека „белците на врвот на овие организации“ се обидуваат да го намалат влијанието на темнокожите Американци и дека ги преземаат заслугите за нивниот успех, споделувајќи страни од негови договори склучен со Universal Music.

„Еве ги моите десет договори со Universal Music. Ми треба адвокат да ги разгледа“, стои во твитер-објавата на Канје.

Канје се задржа на своите авторки права, обвинувајќи го Universal Music дека ги контролира неговите „мастерси“ и дека не сака да ги отклучи за продажба.

Прочитајте и...  Македонската публика ги обожава: Женската група „Фрајле“ со настап во Скопје!

„Се плашат да ми дадат можност да ги купам своите мастерси зашто се плашат дека тоа и ќе го направат, знаат дека имам толку пари“, напиша Канје во еден од твитовите.

Искажувајќи ја својата фрустрација, Канје сними видео во кое уринира по една од своите Греми награди.

Верувајте, нема да престанам додека сѐ не биде фер. Верувајте ми, од Канје, попознат како Бејби Путин“, наведе раперот.

Неговото видео го погледнале повеќе од 6 милиони луѓе за само еден час.

Ким Кардашијан конечно проговори за нервниот слом на Канје Вест: Немоќни сме, тој не е добро!

Бракот на Ким Кардашијан и Канје Вест на „стаклени нозе“: Ким плаче во автомобил додека разговара со сопругот! (ФОТО)

Прочитај повеќе

Синди Крафорд и Каја Гербер позираат во гаража: Мајката и ќерката најдоа начин како заедно да работат од дома! (ФОТО)

Слободен Печат

Разговор со Ана Трифуновски, вокал во „Пеперминт“: На стар предмет се додава душа со откинување на парче од својата душа

Јасмина Кантарџиева Димков

Криси Тајген случајно го откри полот на детето кое го очекува со пејачот Џон Леџенд: Инстаграм го уништи изненадувањето!

Слободен Печат

Анксиозност или депресија? Kако да ја препознаете разликата

Слободен печат

Манекенката ја откри тајната на совршената кожа: Мајчиното млеко е вистински еликсир за убавина!

Слободен Печат

Нутриционистите советуваат: Со кој пијалак треба да го започнеме денот?

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Може да ви направи повеќе штета наместо корист: Научниците советуваат да се избегнува концептот на обратна диета!

Слободен Печат

Дневен хороскоп за 18 септември: Денес ќе бидете многу снаодливи, па и најголемите проблеми ќе ви станат решливи

Слободен печат

Филип Пешевски пее песна само за нив двајца! (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Ќерката на Рис Витерспун е клон на својата мајка и вистинска убавица! (ФОТО)

Слободен печат

Го прашаа Аца Лукас што мисли за кавгата помеѓу Цеца и Јелена, еве што одговори! (ФОТО)

Васко Спасоски

Знаете ли зошто Џенис од „Пријатели“ имаше толку иритантен глас? Оваа интересна приказна го создала нејзиниот лик!

Слободен печат