КАНИЏА Е ЛЕГЕНДА: Доколку кокаинот е дрога, јас сум наркоман

Клаудио Каниџа е поранешен аргентински фудбалер чија кариера му помина во доста контроверзи, но колку што имаме светли моменти во кариерата толку ги има и по неа. Неговите фантастични игра во дресовите на Ривер Плата, Верона, Аталанта, Рома, Бенфика, Бока Јуниорс, Данди и Глазгов Ренџерс, кого го следеа и фантастични „моменти“ надвор од терените.

– Повеќе го сакаат постарите генерации бидејќи тие го гледаа. Навистина, Клаудио Каниџа е ѕвезда во Аргентина, сè се знае за него, како за одличните игри така и за неговите проблеми со дрогата и со сопругата. Има една приказна од 1990 година пред настапот на СП во Италија. Селекторот Карлос Биљардо отиде во Неапол кај Марадона за да го извести дека не планира да го води Каниџа на Мундијалот. Диего му одговори: Добро, значи ќе одиш без нас двајца. Нормално, по разговорот Биљардо го вметна во репрезентацијата и Клаудио – велил Луис Ибањез, поранешен аргентински фудбалер.

Каниџа е омилен кај постарите аргентински фанови бидејќи токму тој го постигна единствениот гол во осминафиналето на СП во 1990 година со кој „гаучосите“ го елиминираа Бразил. Контроверзниот фудбалер е познат и по уште една работа, неговата легендарна изјава со која потврдува дека и во текот на професионалната кариера имаше проблеми со дрогата.
„Доколку кокаинот е дрога, јас сум наркоман“, гласи неговата изјава.

Клаудио Каниџа денеска има 52 години и во приватниот живот доживува вистински бродолом. Сопругата Мариана Нанис и официјално се разведе од него, откако го обвини дека живее со наркоманка и дека заедно се дрогираат. Мариана која од 1988 година беше во брак со фудбалери, исто така го обвини дека еднаш ја претепал и поради тоа потфрлила.

– Тој живее со зависничка и со проститутка која постојано го дрогира. И двајцата ќе завршат во затвор. Со него поминав 33 години, но не можам да одам да го видам бидејќи живее со таква проститутка. Бев бремена 10 недели кога ме оттурна кон автомобил. Кога отидов во болница, дознав дека сум имала спонтан абортус. Кога му го кажав тоа, Клаудио ме нападна дека сум проститутка која глуми жртва – изјави Мариана.

Одговорот на фудбалерот дојде преку социјалните мрежи:
„На Мариана и е потребна помош и тоа од психолози. Имам должност поради моите деца да направам нешто за да се спречи нејзиното лудило“, напиша Каниџа на својот профил на Инстаграм.

Поради бурниот приватен живот во последните неколку години, Клаудио Каниџа се повлече од јавноста. Тој се исели од Аргентина, живее повлечено на Марбеља, Шпанија, а децата од бракот со Мариана Нанис, Шарлот, Александер и Кевин Аксел живеат со него.

– Се повлеков од фудбалот, но ја одржувам формата и тренирам.Во последните неколку години ретко ги прифаќам понудите за хуманитарни натпревари бидејќи сум посветен на други работи, на мојот бизнис со недвижнини – изјави Каниџа на последното интервју кое го даде за медиумите пред две години.

Тој вели дека не жали за ништо во кариерата и повеќе му се допаѓа фудбалот кој се играше во неговото време отколку денешниот.

– Не жалам за ништо во мојата кариера, но од денешна перспектива би направил нешто поинаку, не би заминал во толку мал клуб како што беше Данди. Фудбалот во моето време е сосема поинаков од денешниот. Фудбалерите беа многу поблиски со навивачите, односите беа многу подобри, се беше поприродно. Денеска фудбалерите коминицираат преку Фејсбук, Твитер и се е контролирано – вели Каниџа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот