Канело Алварез за секој удар по Головкин инкасира 500.000 долари

Генадиј Головкин и Саул Канело Алварез по третпат ги одмерија силите/фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Третиот и последен бокс меч меѓу Саул Канело Алварез и Генадиј Головкин заврши со триумф на Мексиканецот со што јаги одбрани четирите шампионски појаси во суперсредна категорија, и за тоа заработи вистинско богатство, 49 милиони долари плус процент од ТВ правата.

Се очекува вкупната заработка на Алварез да изнесува 65 милиони долари ,односно за секој чист удар во телото или главата на Головкин, Мексиканецот инкасира по 500.000 долари.

Алварез и Головкин боксуваа 12 рунди, но нивната пресметка беше „скромна“ во однос на претходните два меча.

Головкин во третиот меч само 120 пати го удри својот ривал, што е значително помалку отколку во 2017 година кога 218 пати го погоди Алварез, а во 2018 година имаше 234 чисти удари.

Алварез исто така упати помалку удари, во 2017 година 169 пати го погоди Головкин, наредната година имаше 202 чисти удари, а минатиот викенд во Лас Вегас само 130 го удри Казахстанецот од 487 обиди. Според статистиката, секој чист удар на Алварез му донесе по 500.000 долари на банкарското конто.

Алварез во последните неколку години е еден од најдоброплатените спортисти на денешницата, а минатата година од своите мечеви заработи 140 милиони долари.

Канело повторно го победи Головкин и стави точка на ривалството

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот