Кандидатурата на плутократот Блумберг може да ја поремети претседателската трка во САД

Фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Поранешниот градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг, наговети дека можеби ќе се кандидира на претседателските избори кои во САД се закажани за 2020 година, пренесуваат американските медиуми.

Кои се причините што размислува за кандидатура за нависоката функција во земјата само неколку месеци откако најави дека изборите ќе ги следи од страна? Би-Би-Си изнесе неколку хипотези за тоа.

Затоа што смета дека може да победи

За почеток, Блумберг има на располагање бројни аналитичари на јавното мислење и политички стратези, и спаѓа во бизнисмените кои носат одлуки на основа на собрани податоци.

Според прелиминарните анкети, во одредени сојузни држави и на национално ниво, се издвојуваат четири кандидати на демократите, а тоа се Џо Бајден, Елизабет Ворен, Берни Сандерс и Пит Бутиџиџ. Сите од нив имаат свои предности, но и очигледни недостатоци.

На Бајден не му успеа својот углед и врска со, и понатаму омилениот, поранешен претседател Барак Обама да го искористи за да оствари доминација меѓу кандидатите и да ги собере потребните средства. Освен тоа, постои и проблемот со годините и неговата физичка издржливост.

Кога станува збор за Елизабет Ворен и Берни Сандерс, прашање е дали нивните прогресивни политики ќе наидат на добар прием на изборите, а во случајот на Сандерс, тука треба да се придадат и годините и здравствените проблеми.

Бутиџиџ е млад, но има малку искуство на изборите и се уште треба да покаже дали може да ги привлече гласачите кои им припаѓаат на малцинствата, а чинат голем дел од демократското изборно тело.

Покрај тоа, анкетите покажуваат дека многу од оние кои гласаат за демократите се уште се немаат одлучено за конкретен кандидат. Анкетата на „Њујорк тајмс“ покажува дека во четири од шесте неодлучени државни одговорот на прашањето „за кого ќе гласате?“ бил „не знам“, пред било кој други конкретен кандидат од кај демократите.

Неодамнешната анкета на агенцијата „YouGov“, која ја нарача „Њујорк тајмс“, покажува дека 22 отсто од анкерираните изјавиле дека би сакале да имаат „поширок избор“ на демократски кандидати од моменталниот.

Откако се анализирани околностите, Блумберг можеби заклучил дека се уште има простор за кандидатура, а познато е дека буквално има неограничени ресурси кои може да му го трасираат патот до врвот.

Затоа сака да влијае врз дебатата

Можеби Блумберг мисли дека може да победи, но според познавачите на политичките состојби во САД, шансите му се мали. Сегашниот градоначалник на Њујорк Бил Де Блазио спектакуларно ја започна својата кампања, но потоа спектакуларно отпадна од неа. Вториот бизнисмен и богаташ Џон Дилејни во сојузната држава Ајова водеше кампања повеќе од две години, без било какви резултати.

Милијардерот Том Стејер потроши многу пари на реклами и доби доволна поддршка во анкетите за да учествува во демократската дебата, но ништо повеќе од тоа.

Блумберг веројатно нема да се квалификува за дебатата во ноември, но можеби ниту за следните, а со оглед на актуелните критериуми, потребна е одредена бројка на мали донации. Споре информациите Блумберг не планира да собира средства.

Тешко е да се верува дека демократите овие денови се подготвени да му се приклучат на плутократот и поранешниот репуликанец кој е познат заговорник на политиките кои ги поддржува бизнисмените, фискално е конзервативен и противник е на државното здравствено осигурување и легализацијата на марихуана, додека во исто време поддржува агресивни мерки за контрола.

Под претпоставката дека Блумберг е свесен за сите овие фактори, тој можеби влезе во трката не за да победи, туку да ја врати партијата, за која смета дека опасно се врти кон левичарските политики, повторно кон центарот кој е наклонет на бизнисот. Можеби не е случајно тоа што одлучил да влезе во кампањата само неколку недели откако колегите милијардери Бил Гејтс и Леон Куперман изразиле загриженост поради предложените шест отсто данок на личното богатство од преку една милијарда, која ја предложи Ворен.

Блумберг можеби сака да влезе во трката само за да отстрани Ворен и Сандерс, кои очигледно ги гледа како политичари со премногу екстремни левичарски ставови и ненаклонети кон бизнисот за да го победат Доналд Трамп во ноември следната година, или дека ефикасно би управувал со САД доколку успее.

Затоа што може

Блумберг со години размислуваше да се кандидира за претседател, а со оглед на тоа што има 77 години, ова веројатнон му е последната можност. Иако раното влегување во трката на Бајден привремено го одврати од тоа, веројатно му го промени мислењето кога се испостави дека и постарите кандидати имаат шанса.

Во најмала рака, кампањата на Блумберг би можела да го изнервира Трамп, баш како што тоа беше случај со Де Блазио, пред тој да се откаже. Американскиот претседател веќе коментираше дека нема да му биде проблем да го победи „Малиот Мајкл“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот