Кандидатот за градоначалник Николов ветува 100 куќи за социјално загрозени семејства во Штип

Кандидатот за градоначалник на СДСМ, Сашко Николов на денешната прес-конференција порача дека како иден градоначалник на Штип се обврзува  дека ќе продолжи да работи во интерес и со грижа за сите граѓани. Еден од неговите приоритети е изградба на 100 типски куќи во населбата Света Недела за социјално ранливите семејства.

-Продолжуваме да работиме врз принципите на социјална правичност и еднаквост. Според приоритетите на граѓаните ќе продолжиме да градиме одговорно, квалитетно и домаќински. Еден од приоритетните проекти во нашата програма е предвидена реализацијата на 100 типски куќи во населбата Света Недела. Со ова ќе им помогнеме и ќе го решиме проблемот на социјално загрозените семејства,кои со години живеат во нелегализирани градби во субстнандардни и нехумани услови, рече Николов.

Забележа дека Штип заслужува да биде топол дом на сите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот