Кандидатот за градоначалник на ТМРО најави повеќе пари за штипскиот Дом на млади

Кандидатот за градоначалник на ТМРО, Лазар Наумов на денешната прес-конференција најави дека ќе се издвојат повеќе пари за работата на Дом на млади, а оваа институција какошто рече ќе биде свртена целосно кон младите.

-Финансирање на секциите од типот на драмска, музичка, ликовно, хор, градски оркестар, филм. Општината фиансиски да ги поддржува културно-уметничките самодејности, особено, кога станува збор за меѓународна презентација на македонската култура и уметност, рече Наумов.

Меѓу неговите приоритети е и изградба на подземни контејнери, по примерот на европските земји. Овие контејнери, какошто вели ќе бидат на местата, каде што веќе има поставено канти за отпадоци во централното градско подрачје.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот