Кандидатот за градоначалник на СДСМ: Штип мора да продолжи да се развива како модерна, отворена, европска општина

Кандидатот за градоначалник на СДСМ, Сашко Николов денеска потенцираше дека најголемиот и најзначајниот капитален проект во Општина Штип, кој 35 години беше само сон за многу генерации штипјани станува реалност.  Тој забележа дека изградбата на брана на река Отиња ќе отвори нови можности за развој на градот и околината, особено во делот на туризмот, угостителството, спортот и рекреацијата.

-Проектот  брана на Река Отиња предвидува брана со корисен волумен од три милиони метри кубни вода, целиот опфат е 120 хектари во кои покрај водното огледало е предвидена и заштитна зона од 50 метри. Вредност  на проектот е проценета на 7,5 милиони евра, средства кои се обезбедени од страна на Владата на Република Северна Македонија, вели Николов.

Посочи дека браната на река Отиња ќе донесе промена на климата, заштита од поплави, но и место за рекреација. Населбите Суитлак и Блок 2.000 ќе се поврзат со улица, која ќе поминува по круната на браната, а со ова ќе се отвори и можност за развој на овој дел на градот.

-Во изминатите три години, успеавме да подготвиме основен проект со изработена ревизија, студија за оцена на влијанието врз животната средина, изработивме и усвоивме детален урбанистички план за брана на Отиња, а веќе е започната тендерската постапка. Брана на река Отиња ќе има и тоа благодарение на оваа политичка гарнитура и огромната поддршка од Владата, вели Николов.

Тој додаде дека низ годините некои  само ветуваа, други немаа ниту храброст да помислат на браната, а тие како локална власт ветиле  и започнуваат со реализација на деценискиот сон на штипјани.

-Штип мора да продолжи да се развива како модерна, отворена, европска општина. Затоа е важно Штип да добие градоначалник со полн легитимитет и мандат од граѓаните, кој ќе ги реализира проектите кои се во интерес на граѓаните, потенцираше Николов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот