Кандидатката за нов американски претседател најави борба против корупцијата и лобизмот

Фото: Принтскрин

Кандидатката за номинација претседатeлски кандидат од демократите, Елизабет Ворен, одржа голем митинг во Њујорк на кој повика отворен фронт против сите видови корупција во САД.

– Гигантските компании ја откупија нашата влада. Нафтените компании, лобистите за (слободно носење) оружје, компаниите за здравствено осигурување, фармацевтските компании – изјави таа.

Митингот беше посетен од околу 20 илјади поддржувачи, еден од најголемите што Ворен, сенаторка од Масачусетс, ги оддржала досега.

Местото беше избрано со повод – говорот таа го оддржа под Тримфалната капија на њујоршкиот Вашингтон плоштад која е на само еден блок од поранешната текстилната фабрика и пожарот што таму се случил во 1911 година, кога загинале 146 текстилни работници, главно жени, пред се новодојдени италијански и еврејски имигранти. Трагедија што остана во аналите на историјата на градот Њујорк.

Ворен постојано повикува на заштита на работничките права од „алчните корпорации” – со асоцијација за причината на катастрофата – халата била заклучена поради кражби и работниците биле оставени да се загушат во огнот.

– Работнички кои работеле деноноќно во неподносливи услови, експлоатирани и несоодветно платени, додека луѓето на врвот уживале. Ви звучи тоа познато – запраша таа.

Повика на запирање на практиките на лобизмот, споредувајќи ги со корупција.

– Лобизмот е дефиниција за корупција, и ние ќе ставиме крај на тоа.

Нејзиниот план е доживотна забрана за владините функционери, сенаторите и конгресмените за учество во лобирање. Таа порача дека ако стане претеседател ќе побара снимање на секоја средба на лобисти и политичари „за избирачите да знаат кој е во дослух со нивните претставници”.

Ворен побара секој приватен бизнисмен кој стапува во јавна функција да го остави бизнисот.

-Или се грижиш за доброто на луѓето или за својот бизнис, не можеш да ги правиш двете истовремено, изјави таа напаѓајќи го главниот соперник на сите претседателски кандидати – Доналд Трамп.

– Тој е жив пример за корупција – порача таа.

Во трката за номинација претседателески кандидат од демократите, засега во рејтинзите води поранешниот потпретседател Џо Бајден, веднаш зад него се Ворен и Берни Сандерс, сенатор од Вермонт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот