Кандидатите за ректор на УКИМ бараат да прекине постапката за избор на ректор

Со оглед на денешните бројки на инфицирани и активни случаи во Скопје, одржување на избори за ректор во услови на  вонредната состојба значат прекршување на здравствените мерките и препораките определени со уредбите на Владата и насоките на ДКСК, велат во писмо кандидатите за ректор на УКИМ, проф. д-р Вујица Живковиќ, проф. д-р Петар Атанасовски и проф. д-р Драги Димитриевски.

-Гласањето за Ректор и физичкото присуство на околу 2.000 професори и студенти во овие услови значи директно загрозување на здравјето на сите професори и студенти, посебно кога се забранети јавни собири над 20 луѓе, бидејќи со гласањето голема е веројатноста професорите, студентите и членовите на нивните семејства да се заразат, со што УКИМ ќе биде нов кластер на зараза. Членовите на Комисијата за избори на УКИМ доколку не ги стопираат изборните дејствија додека трае вонредната состојба и без Претседател на Сенат, прават кривично дело во смисла на член 205 и 206 од КЗ (кривични дела против здравето на луѓето) и 353 (злоупотреба на службената положба и овластувања)- стои во писмото од кандидатите.

Трагично е  еден лекар, велат тие, кој е сегашен Ректор и како што најави во медумите кандидат за иден ректор, наместо да се грижи за здравјето на професорите и студентите, презема дејствија на загрозување на здравјето преку насилни избори за негов втор мандат по секоја цена.

-Ние кандидатите за ректор во овој момент бараме постапката за избор на ректор да прекине. Кога ќе се создадат побезбедни услови, во една нова законска и статутарна постапка, со нов Сенат и претседател на Сенат да започне нова постапка. Време имаме до 15 септември- велат во писмото кандидатите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот