Кандидат за претседател на Барса: Ветувам пици, тетоважи и нов договор за Меси!

Фото: Твитер/@FCBnouimpuls

Жорди Фаре ја презентираше својата кандидатура за претседател на Барселона. Кандидатот се истакна со интересни ветувања.

Тој вети дека ќе финансира тетоважи со амблемот на клубот на секој навивач на Барса. Воедно сите кои ќе гласаат за него им е ветена пица од „најдобрата пицерија во светот“.

Исто така Фаре додаде нешто секако најмногу ја интересира светската фудбалска јавност.

Договорот на Лионел Меси со каталонскиот клуб кој истекува на крајот на сезоната и иднината на Аргентинецот е најважната тема овој период меѓу кандидатите.

– Доколку победиме на изборите, Меси ќе го продолжи договорот. Тој е најдобриот во историјата – се зборовите на Фаре.

Тој е сигурен дека доколку слави на изборите, обновувањето на договорот ќе се случи автоматски на 25 јануари 2021 година.

Изборите за претседател на Барселона ќе се одржат на 24 јануари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот