КАНДИДАТ ЗА МЕСТОТО НА ТРАМП ЈА ШОКИРАШЕ АМЕРИКA: Нема да бидам првиот геј претседател на САД!

Фото: EPA/ Erik S. Lesser

Еден од кандидатите за претстојните избори за претседател на САД, Пит Бутиџеџ (37), не само што би можел да стане најмладиот претседател во историјата на оваа земја, туку и прв претстедател кој отворено признал дека е хомосексуалец, а тој самиот истакнува дека не верува дека би бил првиот геј претседател.

Тој во интервју за ХБО, прашан за критиките дека е „премлад, премногу либерален и хомосексуалец“ за да биде прв човек на државата, одговори дека ќе објасни како сака да ја води државата.

– Луѓето ќе бираат личност која ќе биде најдобриот претседател. Имавме одлични претседатели кои беа млади, имавме одлични претседатели кои беа либерални. Претпоставувам дека веројатно сме имале и одлични претседатели кои биле геј – одговори Бутиџеџ.

Според неговите зборови, речиси извесно е дека и пред него постоел геј претседател на САД, но дека тоа никогаш јавно не било прикажано, а дека некои од нив дури биле и женети.

Бутиџеџ, кој инаку е градоначалник на градот Сауф Бенд во Индијана, тој се декларирал како хомосексуалец во 2015 година, пред вторпат да биде избран за градоначалник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот