Кандидат за градоначалник ќе прегазел полицаец во Новаци, тој пријавил дека не го пуштале да снима спот

Новаци, битолско / фото: Zlatko Zlatko/Google Maps

МВР информира дека кандидат за градоначалник на општина Новаци вчера, додека одел кон стадионот во селото за да снима предизборен спот, се обидел со автомобил да удри полицаец. Од друга страна, пак, тој пријавил во полиција дека бил спречен да снима спот од страна на и и еден полицаец.

Според информациите од полицијата, „В.Н.(50), кандидат за градоначалник на општина Новаци, пријавил дека околу 10.30 часот, од возачот на актуелниот градоначалник и В.Б. (46), полициски службеник во СВР Битола, бил спречен да замине во село Новаци и да снима спот на стадионот во селото“.

Според пријавеното, додека се движел со автомобил, двете лица со возило му свиреле и се обиделе да го престигнат, но тој не застанал. Во врска со настанот, во 11.30 часот во СВР Битола возачот пријавил дека околу 10 часот, додека преземале службени дејства, В.Н., кој бил со возило, не застанал и продолжил со движење. Како што е пријавено, на улицата „Филип Втори Македонски“ со возилото се обидел да удри полициски службеник.

Околу 12.40 часот В. Н. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во врска со истиот настан, во 15.05 часот, во СВР Битола, Т.К., претседател на ФК „Новаци“, пријавил дека кандидатот за градоначалник В.Н. неовластено влегол во стадионот на клубот за да снима спот.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот