Канцеларката одлучи: Германија ќе ја одобри 5G мрежната опрема на Хуваеј

Германската влада ќе му дозволи на Хуавеј да ја продава својата опрема за 5G мрежи во земјата, објави денес „Ханделсблат“.

Весникот се повикува на нацрт-предлогот документот за безбедноста на мрежните телекомуникации, имено дека се верува дека Хуавеј првично беше забранет, но владини извори соопштија дека канцеларката Ангела Меркел е загрижена за последиците од врските на Германија со Кина и таа побара да се укине забраната.

Коалициските партнери на Ангела Меркел се спротивставиле на одлуката и побарале да се забрани 5G мрежата на Хуавеј во Германија.

Кинескиот технолошки гигант е ставен „црната листа“ од страна на САД поради загриженоста за националната безбедност, иако кинеската компанија ги негираше врските со владата во Пекинг.

Германската одлука, која се очекува да биде официјално објавена во текот на оваа недела, доаѓа откако ЕУ го комплетираше својот извештај за ризикот на 5G мрежата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот