Канцеларијата на претседателот Пендаровски отворена за сите млади во земјава

Фото: Фејсбук

Од денеска канцеларијата на претседателот Стево Пендаровски ќе биде отворена за сите млади во земјава, а тој порачува просторот да го чуваат „како свој“.

„Денеска ги отвораме вратите на Канцеларијата на претседателот за сите млади во земјата, овој простор сите вие млади да го чувствувате како свој – за развој на дигитални вештини, обуки, изложби, дебати или пак младински дружби“, пишува Пендаровски на Фејсбук. 

„Секој млад човек треба да има шанса да успее тука дома и затоа на нас е да им овозможиме поддршка, да им дадеме можност за реализација на нивните идеи. Од денеска МладиХаб – Канцеларија на Претседателот е ваш простор. Ви припаѓа вам младите, на граѓанските организации и на граѓанските иницијативи. Користете го за дебати, настани од различен карактер, но и за дружење. Во МладиХаб младите ќе можат да се стекнат и со дигитални вештини низ различни видови на обуки“, објави претседателот на својот Фејсбук профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот