Канцеларијата на ИВАНОВ е сместена во ДВА СТАНА: Во едниот ќе РАБОТИ, во другиот ќе ЧИТА - Слободен печат
ВестиМакедонија

Канцеларијата на ИВАНОВ е сместена во ДВА СТАНА: Во едниот ќе РАБОТИ, во другиот ќе ЧИТА

За канцелариите на експретседателите се фрлаат многу пари, но канцеларијата на Иванов не е најскапа.

Поранешниот претседател на државата Ѓорге Иванов во 40-катниците на Џавахир ќе користи два стана, на различен кат. Во едниот, тој и неговите тројца советници ќе работат, а во другиот ќе биде библиотеката и салата за состаноци. Вкупната површина на просоторот што го користи е 274 квадратни метри.

– Објектот предмет на закуп се состои од 274 метри квадратни метри, влез 1, кат K 22, простории со реден број: 212, 213, 304 и 305 намена на посебниот дел, со површина од 160 квадратни метри, кој ќе се користи за потребите на поранешниот претседател на државата и вработените во неговиот Кабинет; влез 1, кат К38, простории со реден број 327, 328, 545, 546, 547 и 548, намена на посебниот дел, со површина од 114 квадратни метри, кој ќе се користи за претседателска библиотека, административни потреби и одржување на состаноци на поранешниот претседател на државата и вработените во неговиот Кабинет – објаснуваат од СОЗРСМ.

Како што информира компанијата Турмак АД – Подружница Скопје, фирма која е сопственик на зградите, договорот за закуп е склучен во времетраење од една година. Изнајмениот простор ќе биде комплетно опремен од страна на закуподавецот.

Иако цената од 1.950 евра која месечно се плаќа за кирија за канцеларијата на Иванов предизвика интерес во јавноста, сепак податоците од Службата за општи и заеднички работи покажуваат дека за канцеларијата која ја користи поранешниот претседател на Бранко Црвенковски се плаќа 182.507 денари или речиси 3.000 евра месечно, или 35.605 годишно. Ако се земе предвид дека Црвенковски ги користи бенефициите на поранешен претседател 10 години, се доаѓа до заклучок дека само за кирија од државната каса се исплатени 350.000 евра, пари со кои може да се купи повеќе од една канцеларија. Канцеларијата на Црвенковски е на мезанин во комплексот згради на улицата „Антон Панов“, во центарот на Скопје.

Инаку поранешните претседатели имаат на располагање буџет од околу 105.000 евра односно 8 отсто од буџетот на претседателот на државата. Покрај ова, имаат право и на пензија од околу 1.800 евра.

Канцеларија користи и сопругата на поранешниот претседател Борис Трајковски, за која се плаќа 94.355 денари месечна кирија или 1.500 евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close