Канцелариите во САД полупразни, Гугл, Твитер и Ербиенби остануваат на далечинска работа до следното лето

epa08282273 View of several empty desks, with some male workers talking in the hallway at some BBVA bank offices, in the framework of women's strike, in Mexico City, Mexico, 09 March 2020. Many Mexicans joined the national women's strike called for Monday to demand a stop to femicides in the country. EPA-EFE/José Méndez (es-ES)

Некои технолошки компании како Гугл, Твитер или Ербиенби соопштија дека остануваат на далечинска работа до следното лето или даваат дозвола да се работи од дома постојано.

Посетеноста на американските канцеларии и работни простории кон крајот на август била на ниво од 49 отсто во споредба со февруари, пред почетокот на пандемијата на коронавирусот и воведениот карантин низ САД, објави денеска Волстрит Журнал.

Весникот се повикува на податоци од компанијата „Бриво”, ангажирана со системи за безбедност и менаџирање со достап до канцелариски, индустриски и други простории. Компанијата црпи информации од бројот на „одблокирани” простории од страна на вработените – тоа се случува кога работникот ја употребува магнетната картичка при влез или на друг начин го одблокира влезот во канцеларија.

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, доволно намален број на физички присутни вработени има и во другите области, вклучително и оние каде далечинската работа не е можна, како индустриски и магацински простории. Кај нив, посетеноста на вработните е на ниво од 68 отсто од февруарската, а во случај со ритејлот – на 71 отсто.

Показателите се разликуваат според градот или сојузната држава. Така, ако во Сан Франциско работните простории се полни на 29 проценти од нивото во февруари, а во Њујорк нешто помалку од 40 проценти, во Лос Анџелес посетеноста е 66 отсто. Посетеноста на канцелариите во Чикаго е 50 отсто, додека посетеноста на индустриските и магазинските простории е на нивото од 78 отсто од февруарската.

Некои технолошки компании како Гугл, Твитер или Ербиенби соопштија дека остануваат на далечинска работа до следното лето или даваат дозвола да се работи од дома постојано.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот