Канчевска Милеска: Не сум консултирана за ставот со кој се бара оставка од Мицкоски - Слободен печат

Канчевска Милеска: Не сум консултирана за ставот со кој се бара оставка од Мицкоски

Пратеничката Емилија Александрова денеска даде изјава, зборувајќи во мнозинство, во која го осудува лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски, кој бара уште сега Собранието да ратификува влез на Македонија во НАТО. Во осумтте независни пратеници кои потекнуваат од ВМРО ДПМНЕ спаѓа и пратеничката Елизабета Канчевска Милеска.

Порталот Вечер ја праша пратеничката дали се согласува со ставот на својата колешка Александрова:

– Сега од вас слушам за пресот на колешката Емилија Александрова, не сум запознаена ниту консултирана. Јас денес не бев во Собрание, бидејќи имав некои други обврски. Секој може да доставува предлози и иницијативи до Собранието, секој може да има различен став и мислење по одредени прашања, и кога ќе ја видам таа иницијатива тогаш и би се произнела, никогаш не бегам за било каков став кога станува збор за нешто што е од суштински интерес за нашата држава, тоа е и всушност демократија. Воопшто не сметам дека предлогот на претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски за ратификација за членството во НАТО е за осуда, напротив тоа е само чекор поблиску до остварување на таа цел. И пред се потврда дека без поддршката од страна на пратениците на ВМРО ДПМНЕ кои гласаа за уставните измени ова прашање, поточно членството во НАТО не можеше да се реазлизира. Мислам дека тоа прашање треба да се затвори, да се обединиме, за да можеме да продолжиме понатаму- вели Канческа Милевска.

Прочитај повеќе

Атиџе со порака до читателите на „Слободен печат“: Кога е природен, медот е лековит (ВИДЕО)

Слободен печат

Ја бојкотираат ли националните телевизии Владата? Одговорните ниту потврдуваат, ниту демантираат

Слободен печат

Масовни протести против американските трупи во Багдад

Слободен печат

Пожар во скопската гимназија „Браќа Миладиновци”, сè уште интервенираат скопските пожарникари

Слободен печат

Анархисти презедоа одговорност за запалените возила и банкомати во Грција

Слободен печат

Заев: Правната држава мора да функционира за да можеме да обезбедиме фер судски процеси

Слободен печат

Остави Коментар

9 + 3 =

Прочитај повеќе

Во Кина вчера започна изградба болница која треба да е готова за десетина дена

Слободен печат

УСЈЕ: Ги спроведуваме законите и работиме согласно највисоките стандарди

Слободен печат

Пицула: Ситуацијата со Законот за религија во Црна Гора мора да се реши со договор

Слободен печат

Словачки министер поднесе оставка откако пијан демолирал ресторан

Слободен печат

„Седма сила“: Македонија исправена пред предизвикот да започне циклус на фер и демократски избори

Слободен печат

Полицијата и наркокартелите регрутираат деца во Мексико

Слободен печат