Канческа Милевска: За промена на името гласав по лично убедување и немав притисоци од партиите

Фото: Архива-Слободен печат

За промена на името гласав по лично убедување и немав притисок од ниту една партија, изјави поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска во емисијата „Жешко политичко столче“ на Канал 5.

Соред неа немало ни никакви преговарања и привилегии за судскиот случај „Тендери“ што се води против нејзе.

-Имам судски предмет кој се уште тече, одам на суд на секоја покана од судот. Лично не сум преговарала, а не ми доаѓа ни на памет. Интересите на државата ми биле на прво место, и тоа така ќе остане, рече таа.

Канческа не кажа прецизно дали како странка во постапката ќе бара сите докази да се изведуваат од почеток или ќе бидат само прочитани за да не се губи време во судскиот процес.

За распаѓањето на новиот Македонски народен театар, кој беше дел од проектот „Скопје 2014“ година, а кој чинеше над 37 милиони евра, Канческа вели дека се случило поради неодржување на објектот и запушување на сливниците кои не биле чистени, а не поради неквалитетниот материјал.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот