Канатларовски: Физички и психички спремни за голема борба против Франција

канатларовски
фото: ФФМ

Репрезентацијата на Македонија до 21 година денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски” – Скопје го одработи последниот официјален тренинг пред утрешниот меч против моќната селекција на Франција во рамките на шестото коло од квалификациите за пласман на Европското првенство 2023 во Романија и Грузија.

Селекторот на нашата млада селекција, Драги Канатларовски со нетрпение го очекува натпреварот во вторник (18.30 часот), вели дека сите негови фудбалери се максимално подготвени и со нетрпение го очекуваат утрешниот мечот против триколорите.

– Франција е апсолутен фаворит во оваа група, силна репрезентација која располага со голем фонд на играчи кои имаат голем потенцијал и настапуваат во најсилните лиги низ Европа. Првиот натпревар против нив таму го загубивме убедливо со 3:0, но на претходните четири натпревари успеавме да останеме непоразени. Се надеваме дека серијата без пораз ќе ја продолжиме и против Франција.

Играме на домашен терен, пред домашна публика, сите со нетрпение го очекуваме овој натпревар. Момците имаат голема желба, подготвени сме и физички и психички за голема борба во сите 90 минути. Одработивме одлични подготовки, напредуваме од меч во меч, а тоа се виде и на дуелот со незгодната селекција на Украина. Оваа репрезентација е подготвена да се надигрува и натпреварува со секоја селекција – рече Канатларовски.

Избраниците на селекторот Канатларовски во досегашниот тек од квалификациите имаат забележано една победа, три нерешени средби и еден пораз.

Моментно во квалификациската група „Х“ водат Французите со 13 бодови, три повеќе од Украина, по шест имаат Македонија и Фарски Острови, пет Србија, а три Ерменија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот