Каналот на Трамп на Јутјуб ќе биде дозволен штом се намали ризикот од насилство

Фото: EPA-EFE/Chris Kleponis / POOL

Јутјуб каналот на Доналд Трамп, што беше суспендиран на 12 јануари, ќе биде повторно дозволен кога ќе биде намален ризикот од насилство, изјави синоќа шефицата на видео сервисот на Гугл, Сузан Војчицки.

Поранешниот американски претседател Трамп беше отстранет од интернет платформите по нападот врз Конгресот на 6 јануари од неговите приврзаници.

Трамп има доживотна забрана од Твитер, а Фејсбук го укина неговиот профил на неодредено време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот