Канал 4: Британија разгледува ограничување на вакцинација на младите со АстраЗенека

Фото: EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Британската здравствена регулаторна агенција го разгледува предлогот за ограничување на вакцинацијата на младите луѓе со АстраЗенека поради загриженост за создавање тромб, јави британскиот Канал 4 вести.

„Двајца високи извори рекоа дека, и покрај се уште нејасните податоци, постојат се поголеми аргументи дека на помладите, барем на оние под 30 години, треба да им се понудат други вакцини”, јави британската телевизија.

Британската Регулаторна агенција за лекови (МХРА) претходно соопшти дека придобивките од вакцината во спречувањето на коронавирусот се многу поголеми од можниот ризик од појави на крвни засироци.

МХРА се уште не ги коментираше наводите на Канал 4. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот