Канаје „загрижен“ пред Вардар: Или ќе бидеме како тимот кој го победи Кил или…!

Патрис Канаје, тренерот на ракометниот клуб Монпелје/Фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

В среда од 20.45 часот во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје во рамките од четвртото коло во Лигата на шампионите, во групата „А“ екипата на Вардар 1961 е домаќин на францускиот Монпелје.

Противникот игра доста променливо во овој период, во минатото коло од ЛШ изненадувачки убедливо славеше над Кил (37:30), но потоа и ги разочара своите навивачи на својот последен лигашки меч со поразот од Сесон (25:21).

Францускиот пивот на скопските „црвено-црни“, Жереми Тото истакна дека тоа не треба тоа пресериозно да се земе во предвид и опомена дека сепак Монпелје станува збор за еден сериозен тим.

Тренерот на францускиот клуб Монпелје, Патрис Канаје на некој начин е „загрижен“ пред утрешниот меч по поставеното прашање од клупскиот сајт какви се амбициите за ова гостување во Скопје:

– Мора прво да го поставиме тоа прашање на играчите, да видиме какви се нивните амбиции. Да, клупската цел е иста, да победиме, но треба да им го поставиме прашањето на играчите, за да видиме дали тие ќе можат да ги исполнат задачите за да ја остварат целта. Јас сега не можам да кажам. За мечот во Скопје главно ќе зависи од тоа кој тим ќе го видиме, тимот што играше против Кил или оној што играше против Сесон – рече Канаје.

Канаје воедно е загрижен поради недостатокот на карактер кај играчите. Не очекува само еден играч да го сноси целиот товар, како на пример, Валентин Порт, туку сите треба да си ја завршат задачата.

„Комити“ ќе бидат осмиот играч: Повторно нека грми за Вардаровата љубов

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот