Канаѓанецот Де Грас е нов олимписки шампион, ги победи Американците во финалето на 200 метри

EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Канадскиот спринтер Андре де Грас е нов олимписки шампион на 200 метри откако победи во возбудливата финална трка на Игрите во Токио.
Де Грас славеше со време од 19.62 секунди и среброто од Рио де Жанеиро го претвори во злато во Токио. Во возбудливото финале Канаѓанецот Де Грас ги победи спринтерите од САД, Кенет Беднарек беше втор со време од 19.68 секунди, Ноа Лајлс со 19.74 секунди го освои третото место, а без медал остана Ерион Најтон кој истрча 19.93 секунди.

EPA-EFE/DIEGO AZUBEL

Полјакот Војчех Новицки го освои златниот медал во фрлање кладиво откако во третата серија постави нов личен рекорд од 82.62 метри. Новицки беше одличен во текот на целото финале, уште еднаш префрли 82 метри, три пати кладивото го фрлаше преку 81 метар, а во последната серија кога се беше решено, тој направи пресврт.
Второто место и сребрениот медал го освои Еивинд Хенриксен со далечина од 81.58 метри, а легендарниот Полјак, Павел Фајдек кој е четирикратен светски шампион, во Токио го освои третото место со должина 81.53 метри.

Во трката на 800 метри во машка конкуренција, нов олимписки шампион е Емануел Корир од Кенија кој во финалето победи со време од 1:45.06 минути. Неговиот сонародник Фергусон Чериот Ротич заврши на второто место, додека бронзениот медал му припадна на Патрик Добек од Полска.
Во женското финале на 3.000 метри стиплчес, победи Перут Чемутаи од Уганда со време од 9.01.45 минути пред Кортни Фрерикс од САД и Хивин Кијенг од Кенија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот