Канадскиот премиер ѝ се обрати на нацијата од изолација: Добро се чувствувам, не сум тестиран

Фото: Принтскрин

Канадскиот премиер Џастин Трудо ѝ се обрати на јавноста, откако беше утврдено дека неговата сопруга е заболена со новиот коронавирус. Премиерот наведе дека нема никакви симптоми и дека се чувствува добро.

Трудо ѝ се обрати на нацијата од самоизолација, каде отиде со својата сопруга. Софија Грегори Трудо наводно започнала да чувствува симптоми со вредата откако се вратила од пат во Велика Британија.

Трудо сепак се уште не е тестиран, и рече дека нема да се тестира се додека не замочне да чувствува симптоми, бидејќи засега не ги исполнува критериумите.

За потсетување, во Канада се забележани 158 случаи на коронавирусот, а едно лице почина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот