Канадски војници го тужат Министерството за одбрана поради задолжителната вакцинација

Канадски војници се противат на присилна вакцинација / Фото:МИА

Федералниот суд во Канада ќе ја разгледа тужбата поднесена од четворица припадници на канадските вооружени сили во врска со наредбата на Министерството за одбрана за задолжителна вакцинација против коронавирус, јави Си-Би-Ес.

Претходно, Министерството за одбрана издаде наредба со која се бара сите војници да се вакцинираат против коронавирус до крајот на ноември или да се соочат со дисциплински мерки, вклучително и отпуштање од армијата. Рокот подоцна беше продолжен до 18 декември.

Адвокатката на тужителите, Кетрин Кристенсен, рече дека иако Министерството за одбрана одобрило одбивање на вакцина од медицински, верски или хуманитарни причини, соодветните барања на нејзините клиенти биле одбиени. Еден од тужителите, потполковник Ило Антонио Нери, напиша во изјавата дека „нема причина да се верува на тврдењата на владата дека вакцините против коронавирус се ефикасни и безбедни”.

Канадската влада, исто така, објави дека сите федерални службеници мора да бидат целосно вакцинирани против коронавирусот или ќе бидат ставени на неплатено отсуство.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот