Канада забрани извоз на поединечни лекови

Архива на СП

Канада забрани извоз на одредени лекови кои се издаваат на рацепт со цел да спречи недостиг на медикаменти. Забраната е одговор на мерката што утре стапува во сила во САД, со која е овозможен увоз на лекови од странство поради пониска цена.

Иако медикаментите кои во Кнада се издаваат на рецепт се поскапи од другите земји, тие се значително поевтини од лековите во САД.

Голем број дистрибутери на лекови предупредија дека американскиот претседател Доналд Трамп планира со увозот на медикаменти да предизвика недостиг на лекови во Канада.

Пандемијата со Ковид-19 ја зголеми побарувачката на лекови.

Во соопштението на канадското Министерство за здравство се истакнува дека Канада 68 проценти од лековите ги набавува од странство и дека е важно да се избегне какво било нарушување во снабдувањето со лекови.

Трамп во јули потпиша наредна со која се дозволува легален увоз на поевтини лекови од Канада. Еден месец подоцна канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека е среќен ако може да им помогне на другите држави од резервите, но оти негов приоритет е заштита на потребитена Канаѓаните.

Новозибраниот претседтаелна САД, Џо Бајден претходно изјави дека е можен увоз на лекови поради намалување на трошоците.  

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот