Канада забрани извоз на дронови во Турција

Канада забрани извоз на беспилотни летала во Турција откако констатира дека опремата ја користеле азербејџанските сили кои се борат против Ерменија во Нагорно Карабах, рече министерот за надворешни работи Марк Гарно.
Тој изјави дека ваквата употреба не е во согласност со канадската надворешна политика, како и со уверувањата дадени претходно од Турција и додаде дека тој изразил загриженост во разговорот со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
Отава ги суспендираше дозволите минатиот октомври за да може да ги разгледа обвинувањата дека азербејџански беспилотни летала користени во конфликтот биле опремени со системи за снимање и таргетирање изработени од канадската подружница на компанијата „Л3Харис Технолоџис”.
По повод оваа одлука, Министерството за надворешни работи на Турција потврди дека Чавушоглу ја повикал Канада да ги преиспита ограничувањата на одбранбената индустрија и изразил загриженост за ставот на земјата во однос на извозот во Турција. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот