Канада за две недели има регистрирано 100.000 нови случаи на ковид-19

Фото: EPA-EFE/ANDRE PICHETTE

Канада вчера ја надмина границата од 600.000 заразени случаи на коронавирус, две недели откако достигна половина милион инфицирани, со што ја потенцира јачината на пандемијата во земјата за време на празниците кон крајот на минатата година.

Канада вчера попладне регистрира 601.314 случаи на зараза со ковид-19 од почетокот на пандемијата и 15.860 починати пациенти.

Онтарио, најнаселената провинција во Канада, вчера потврди 2.964 нови случаи во изминатите 24 часа, а во Квебек се регистрирани 2.869 случаи на коронавирус, што е нов дневен рекорд за провинцијата во која се зборува француски јазик и каде, исто така, е забележана најголема смртност како последица на вирусот. Во Онтарио регистрирани се 4.650 смртни случаи од ковид-19 и 8.347 во Квебек.

Канада, земја со околу 38 милиони жители, не ги достигна првите 100.000 случаи на инфекција се до средината на јуни, три месеци откако го регистрира првиот случај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот