Канада суспендира договор за екстрадиција со Хонг Конг

Канада/ Фото: МИА

Канада го суспендира договорот за екстрадиција со Хонг Конг откако таму Кина  воведе закон за национална безбедност, изјави денеска канадскиот министер за надворешни работи Франсоа-Филип Шампањ.

Тој нагласи дека Отава нема да дозволи извоз на чувствителна воена опрема во Хонг Конг, каде живеат околу 300 000 Канаѓани.

Новиот закон, усвоен од кинескиот Парламент во вторникот, предвидува формирање канцеларија за национална безбедност во Хонг Конг, чија цел е сузбивање на субверзивни, сецесионистички и терористички активности, како и странска интервенција во внатрешните работи на градот.

Секој што ќе биде прогласен за виновен според тој закон, може да биде осуден на повеќегодишна  или доживотна казна затвор, како и да биде екстрадиран во Кина на судење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот