Канада планира од 2022 година да оданочува странски дигитални гиганти

epa08783676 European Council President Charles Michel attends a press conference following a virtual EU - Canada Summit in Brussels, Belgium, 29 October 2020. EPA-EFE/OLIVIER HOSLET / POOL

Канада планира да воведе дополнителни даноци за компаниите во секторот за дигитални услуги и производи како дел од новиот „фер даночен систем за дигиталната економија”, изјави канадската министерка за финансии, Криста Фриланд.

Од 1 јануари 2022 година данокот на промет на стоки и услуги ќе го плаќаат и големите странски компании, а Владата, исто така, директно ќе им наплаќа дигитален данок на компании кои овозможуваат дигитални услуги, покажуваат планираните измени.

Даноците можат да ги зголемат буџетските приходи за 3,4 милијарди канадски долари (2,6 милијарди американски долари) за пет години, истакна Фриланд за време на презентацијата на есенскиот извештај за состојбата во економијата.

Постоечкиот систем им наметнува даночно оптоварување на канадските потрошувачи кои го плаќаат преку ДДВ, нагласи канадската министерка.

– Ова им обезбедува неправедна предност на странските дигитални корпорации и ја намалува конкурентноста на канадските компании, додаде Фриланд.

Новиот данок се очекува да ги погоди компаниите, вклучувајќи ја и Алфабет и Епл, матичната компанија на Гугл, како и платформите за пренос на видео и аудио запис, како што се Спотифи и Нетфликс.

Дигиталните платформи за продажба, вклучително и продавниците за апликации, ќе плаќаат данок на промет на стоки и услуги од јули следната година, стои во предлогот на канадската Влада.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот