Канада нарача најмногу вакцини по глава на жители во споредба со било која друга земја

Канада нарача најмалку 194 милиони дози вакцини против коронавирус, и уште 414 милиони за своите жители иако популацијата брои околу 38 милиони, пишува Гардијан.

Канада најави дека се склучени договори со компаниите Модерна, Фајзер, Новавакс, Џонсон и Џонсон, Санофи и ГСК, Аста Зенека и Медикаго.

Вакцините ќе ги дистрибуираат бесплатно, но мала е веројатноста дека ќе купат вакцини од сите компании.

Канадските власти не дадоа прецизна временска рамка за испорака на вакцината, но дека тоа би требало да се случи на почетокот на 2021 година.

Канадскиот премиер Џастин Трудо рекол дека производителите најверојатно прво ќе обезбедат доволна доза на вакцини за своите земји.

„Државите како САД, Германија и Велика Британија имаат домашни фармацевтски капацитети, заради што очигледно прво ќе дадат предност на своите граѓани, рече Трудо.

Канада најави договор со Модерна веќе на 5 август, додека ЕУ потпиша договор со оваа компанија за снабдување со вакцини дури во вторникот.

Бидејќи ќе има повеќе од доволно дози на вакцини, Канада би можела одредени дози да ги донира на држави на кои тоа им е потребно, пиша неодамна Си-Би-Ес повикувајќи се на три извори кои се добро познати со тоа прашање.

Канада би можела да ги донира додатните дози од вакцините преку Ковакс, кој го подржува СЗО, рече извор од канадските власти за Ројтерс.

Турција купува 50 милиони дози кинеска вакцина против Ковид-19

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот